Семинар: Новиот Закон за градежно земјиште што влегува во сила од 1-ви август 2016 | Правдико

Правдико

   

Семинар: Новиот Закон за градежно земјиште што влегува во сила од 1-ви август 2016

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Еднодневен семинар:

НОВИОТ ЗАКОН ЗА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ ШТО ВЛЕГУВА ВО СИЛА ОД 1 АВГУСТ 2016 ГОДИНА
-Компарација на стариот и новиот Закон за градежно земјиште
-Начин на водење на постапките за отуѓување, давање под долготраен и краткотраен закуп, давање на трајно користење, засновање на стварна службеност и пренесување на право на сопственот
(„Службен весник на Република Македонија“ бр. 15/15, 98/15, 193/15, 226/15 и 31/16)

 29 јуни 2016 година  (среда)
10:00-15:30 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

Со Законот за градежно земјиште се уредуваат правата и обврските во поглед на градежното земјиште, уредувањето на градежното земјиште, условите и начинот на располагање со градежното земјиште, како и други прашања од областа на градежното земјиште.
Целта на семинарот е да се разработи новиот начин на водење на постапките предвидени во Законот, како и сите теми и случаи кои се појавуваат како основ за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија.

Програма на семинарот:

• Општи одредби на новиот Закон за градежно земјиште;
• Права на градежното земјиште;
• Начин и постапка за отуѓување, давање под долготраен и краткотраен закуп, давање на трајно користење, пренесување право на сопственост и засновање на право на стварна службеност на градежното земјиште сопственост на Република Македонија, со посебен осврт на новиот начин на водење на постапките по пат на јавно наддавање и непосредна спогодба (целосна електронска постапка од поднесување на пријава/барање до запишување во јавната книга за запишување на недвижностите) и компарација со стариот Закон за градежно земјиште;
• Пренесување на право на сопственост на градежно земјиште сопственост на Република Македонија, како нова предвидена постапка во Законот за градежно земјиште;
• Измени кои произлегоа од усогласување на Законот со Законот за општата управна постапка;
• Запишување во јавната книга за запишување на правата на недвижностите;
• Уредување на градежното земјиште;
• Преодни и завршни одредби;
• Отворени прашања, одговори и дискусија во врска со новиот Закон за градежно земјиште.

Повеќе информации ТУКА

Препорачуваме

Партнери на Правдико