Правдико

   

Семинар: Поим на работен однос, права и обврски од работен однос, повреди на работниот ред и дисциплина

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

ПОИМ НА РАБОТЕН ОДНОС, ПРАВА И ОБВРСКИ ОД РАБОТЕН ОДНОС, ПОВРЕДИ НА РАБОТНИОТ РЕД И ДИСЦИПЛИНА И ПОСЛЕДИЦИ ОД ИСТИТЕ ПРЕДВИДЕНИ ВО ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИТЕ ОДНОСИ И ПРАВИЛАТА НА РАБОТОДАВАЧИТЕ, ДИСЦИПЛИНСКА ПОСТАПКА,  УРЕДЕНОСТ НА ДИСЦИПЛИНСКАТА ПОСТАПКА, ОВЛАСТЕНИ ОРГАНИ ЗА ВОДЕЊЕ НА ДИСИЦИПЛИНСКА ПОСТАПКА, ТЕК НА ДИСЦИПЛИНСКА ПОСТАПКА, ИЗРЕКУВАЊЕ НА ДИСЦИПЛИНСКИ МЕРКИ, ПРИМАРНА И СУДСКА ЗАШТИТА

19.03.2020 година
10:00-15:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат

Стопанската комора на Македонија, на 19 март 2020  година, организира еднодневен семинар на тема: Поим на работен однос, права и обврски од работен однос, повреди на работниот ред и дисциплина и последици од истите предвидени во Законот за работните односи и правилата на работодавачите, дисциплинска постапка,  уреденост на дисциплинската постапка, овластени органи за водење на дисициплинска постапка, тек на дисциплинска постапка, изрекување на дисциплински мерки, примарна и судска заштита.  Во рамки на семинарот ќе бидат опфатени сите специфични аспекти поврзани со обврските на работодавачите и работниците кои произлегуваат од работниот однос. Воедно, ќе се направи обид за расчистување на одредени нејаснотии и дилеми кои се јавуваат во праксата, поврзани со предметната проблематика.

ПРОГРАМА:

– Права и обврски од работен однос;
– Повреди на работниот ред и дисциплина и нивни последици;
– Повреди на работниот ред и дисциплина за кои може да се откаже договорот за
вработување со  и без отказен рок;
– Предупредување и парична казна, отказ на договорот за вработување;
– Уреденост на дисциплинската постапка во општ акт на работодавачот;
– Основи за водење на дисциплинска постапка;
– Формирање на дисциплинска комисија;
– Процесни дејствија во текот на дисциплинската постапка (иницијатива, предлог,
известување, достава, покана);
– Расправа пред дисциплинска комисија, советување и гласање, предлог одлука;
– Видови на дисциплински мерки, надлежен орган за донесување одлука за
изрекување на дисциплинска мерка;
– Содржина на одлука за изрекување на дисциплинска мерка;
– Двостепена заштита при водење на дисплинска постапка;
– Надлежен орган за одлучување по приговор против одлука за изречена
дисциплинска мерка;
– Можност за судска заштита на правата од работен однос;

Предавачи:

– м-р Бојана Велковска, претседател на Одделот за работни спорови во Основен суд Скопје II – Скопје и

– Злате Стојановски, раководител на Одделението за работни односи при Државниот  инспекторат за труд.

За сите учесници на семинарот обезбедено е:
– работен материјал;
– ручек и освежување и
– сертификат за присуство на семинарот.

Рок за пријавување: 17.3.2020 година.

Партнери на Правдико