Правдико

   

Семинар: Правен третман на доверителите во стечајната постапка

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Еднодневен семинар на тема:

ПРАВЕН ТРЕТМАН НА ДОВЕРИТЕЛИТЕ ВО СТЕЧАЈНАТА ПОСТАПКА – ДОВЕРИТЕЛИ СО ПАРИЧНИ ПОБАРУВАЊА, ИЗЛАЧНИ И РАЗЛАЧНИ ДОВЕРИТЕЛИ –

25 септември 2019 година (среда)
10:00-15:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

Стопанската комора на Македонија, на 25 септември 2019 година организира еднодневен семинар чија цел ќе биде разработка на прашањата поврзани со прваниот третман на доверителите во стечајната постапка (доверителите со парични побарувања, излачните и разлачните доверители).

Предмет на анализа ќе бидат одредбите од Законот за стечај („Сл.весник на РМ” број 34/2006, 126/2006, 84/2007, 47/11, 79/13,164/13, 29/14,98/15,192/15) кои се однесуваат на правата и обврските на доверителите во стечајната постака и  нивна имплементација во судската пракса.

На учесниците на семинарот ќе им се овозможи да ги искажат своите гледишта, ставови и  проблеми во врска со практичната имплементација на   одредбите на Законот за стечај и другите посебни закони  (Закон за нотаријат, Закон за извршување) поврзани со остварување на правата на доверителите по отварањето на стечајната постапка на стечајниот должник

ПРОГРАМА:

• Правни последици од отворање на стечајна постапка  на доверителите на стечајниот должник;
• Доверители во стечајната постапка;
• Улогата на доверителите во  органите на стечајната постапка;
• Парници кои произлегуваат од стечајна постапка (тужби на стечајните доверители  и доверителите на стечајната маса);
• Излачни  доверители, излачни тужби и надомест на излачни права;
• Разлачни доверители.

Целна група:
Семинарот е наменет за вработените во правните служби на друштвата, законските застапници, адвокати, стечајни управници и сите заинтересирани за областа која ја покрива семинарот.

Предавач:

Биљана Јачева, судија по трговски спорови  и стечај  во Граѓански оддел на Основен суд Велес-Велес, предавач во примарна и континуирана обука на Академијата за судии и јавни обвинители.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
– работен материјал;
– ручек и освежување;
– сертификат за учество на семинарот.

Сите заинтересирани за учество на семинарот можат да се пријават најдоцна до  23 септември 2019 година.

Партнери на Правдико