Семинар: Правни институти од работните односи во реалниот сектор кои често погрешно се применуваат и прекршуваат | Правдико

Правдико

   

Семинар: Правни институти од работните односи во реалниот сектор кои често погрешно се применуваат и прекршуваат

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Еднодневен семинар:

Правни институти од  работните односи во реалниот  сектор кои често погрешно се применуваат и прекршуваат и некои  разлики во правните институти од работните односи за вработените во јавниот сектор уредени со Законот  за вработените во јавниот сектор и Законот за административни службеници наспроти Законот за работни односи

27.5.2016 година(петок)
10:00-15:30 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 53 на IV кат

Стопанската комора на Македонија на 27.5.2016 година организира еднодневен семинар на тема: Правни институти од  работните односи во реалниот  сектор кои често погрешно се применуваат и прекршуваат ,  и некои  разлики во правните институти од работните односи за вработените во јавниот сектор уредени со Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за административни службеници наспроти Законот за работни односи.

ПРОГРАМА:

Прв дел
– Присилно отстранување на вработен од работа;
– Претходната постапка како законски услов за откажување на договорот за
вработување;
– Парична казна наместо отказ;
– Анекс на договор и причини за понуда на  нов променет договор пред отказ.

Втор дел
–  Начин на пресметка  и плаќање на прекувремената работа, ноќна, сменска за
време на неделен одмор и празник;
–  Непочитување на отказните рокови;
–  Распоредување на работник на работа со полно и скратено работно време и
пребивање од плата на побарувања на работодавачот;
–  Ништавност на одредбите од договорот за вработување;
–  Попречување на работникот да присуствува на работото место без доставување
на содветен законски акт.

Трет дел
– Право на плата и надоместоци од плата;
– Право на одмори и отсуства;
– Право на соодветни работни услови;
– Стручно усовршување;
– Право на заштита;
– Заштита на вработените кои пријавиле сомневање или сознание за кривично
дело или незаконско или недозволиво постапување;
– Мирување на работниот однос.

Четврт дел
–  Должност за укажување на незаконски работи;
–  Известување за отсуство;
–  Упатување на вработен;
–  Одговорност за вршење на работните задачи;
– Престанок на работниот однос.
Предавачи:
– Миле Стојановски, државен советник и
– Злате Стојановски, раководител во Одделението за работни односи при Државниот инспекторат за труд.

Повеќе информации ТУКА

Препорачуваме

Партнери на Правдико