Семинар: Предност на договорите со извршна клаузула во реализација на правата и обврските кои произлегуваат од договореното | Правдико

Правдико

   

Семинар: Предност на договорите со извршна клаузула во реализација на правата и обврските кои произлегуваат од договореното

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Еднодневен семинар на тема:

ПРЕДНОСТ НА ДОГОВОРИТЕ СО ИЗВРШНА КЛАУЗУЛА ВО РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРАВАТА И ОБВРСКИТЕ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ДОГОВОРЕНОТО

18.10.2017 година (среда)
9:30-16:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

Стопанската комора на Македонија, на 18.10.2017 година, организира еднодневен семинар чија цел ќе биде детална разработка на видови договори  со и без извршна клаузула и ефективност во реализацијата на истите. Имено, преку разработка на ваквите договори, нивната дистинкција со предност на извршната клаузула, ќе се прикаже ефективноста на реализацијата на правата и обврските од договореното со конкретните договори.

На семинарот ќе се пристапи кон теоретскиот дел, анализа на договорите, примена на одредбите од Законот за облигациони договори, Законот за извршување, како и практично објаснување во спроведувањето на наведените одредби при реализација на договорите со извршна клаузула.

Со овој семинар сакаме да ги запознаеме сите учесници во облигационите односи со сите предности кои произлегуваат од примена на извршната клаузула во договорите и нејзината примена во иднина со цел реализација на договореното со предности од повеќе аспекти – како временски, така и финансиски.

ПРОГРАМА

–  Општо за договорите и обврските кои произлегуваат од истите;
–  Дистинкција помеѓу договорите без извршна клаузула и договорите со извршна клаузула;
–  Ефективност во реализација на договорите;
–  Иницирање и водење на судска постапка за реализација на договореното;
–  Временска дистанца во реализација на договорените обврски;
–  Финансиски вложувања за реализација на договореното;
– Учесници во спроведувањето на договорите.

Овој семинар е наменет за вработените во правните служби, адвокатите и за законските застапници.

Предавачи:

– Љубица Колиќ, судија во Основен суд Скопје 2 – Скопје, едукатор во
Академијата за судии и јавни обвинители и

– Александар Огненовски, адвокат со особена експертиза  во делот на облигационо, деловно, кривично и стопанското право, имотно-правните и трговските спорови пред сите надлежни органи во Р. Македонија. Искуството во решавањето на правните проблеми на клиентите, како физички така и правни лица, пред сите органи со јавни овластувања, државни органи и судовите на целата територија на Р. Македонија го прави квалитетен и добар познавач на правото и изнаоѓање на правни решенија кои се клучни за успешното деловно работење на компаниите.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
– работен материјал;
– ручек и освежување;
– сертификат за присуство на семинарот.

Сите заинтересирани за учество на семинарот можат да се пријават најдоцна до 16.10.2017 година.

Повеќе инфо ТУКА

Препорачуваме

Партнери на Правдико