Правдико

   

Семинар: Закон за просторно и урбанистичко планирање

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Еднодневен семинар:

ЗАКОН ЗА ПРОСТОРНО И УРБАНИСТИЧКО ПЛАНИРАЊЕ
-спроведување на постапката во електронска форма-
(„Службен весник на Р. Македонија“, бр. 199/14; 44/15; 193/15 и 31/16)
20.5.2016 година(петок)
10:00-15:30 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

Законот за просторно и урбанистичко планирање ги уредува условите и системот на просторното и урбанистичкото планирање, видовите на планска документација и постапката за изработување и донесување на истата, како и други прашања од областа на просторното и урбанистичкото планирање.

Со напредокот на технологијата соодветно е добиена можност за спроведување на постапката за изработување и донесување на урбанистички планови, регулациски планови на генерални урбанистички планови, урбанистичко-плански документации и урбанистичко-проектни  документации  во  електронска  форма,  односно  преку информациски систем е-урбанизам кој е достапен преку интернет.

Целта на семинарот е да се појаснат законските одредби за изработка на архитектонско-урбанистички проект и проект за инфраструктура, информацискиот систем е-урбанизам, како и проблемите што се јавуваат притоа.

Програма на семинарот:

-Закон за просторно и урбанистичко планирање 2014-2016 година;
-Планирање на просторот, видови на планска документација;
-Изработувач и донесувач на планска документација;
-Издавање и одземање лиценци и овластувања;
-Странско правно лице како изработувач на планска документација;
-Урбанистичко-плански документации;
-Урбанистичко-проектна документација;
– Архитектонско-урбанистички проект;
– Проект за инфраструктура;
-Начинот на спроведување на постапката за изработување и донесување на урбанистички планови, регулациски планови на генерални урбанистички планови, урбанистичко-плански документации и урбанистичко-проектни документации во електронска форма („Службен весник на РМ“, бр. 111 од 2.7.2015 година).

Повеќе информации ТУКА

Партнери на Правдико