Семинари на тема: „Информирaност зa систeмот за заштита на сведоци во Македонија во рамките на правосудните органи во борбата против организираниот криминал и корупцијата“
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Во рамките на WINPRO Проектот II „Соработка во кривичната правда: Заштита на сведоци во борба против организираниот криминал и корупцијата“ во соработка со Прекуморската соработка на Северна Ирска NI-CO, Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев организира семинари посветени на темата: „Информираност за системот за заштита на сведоци во Македонија во рамките на правосудниет органи во борбата против организираниот криминал и корупцијата„ кои е предвидено да се одржат на следните датуми:
- 09 февруари 2015 година во х. ТЦЦ Плаза во Скопје;
- 10 февруари 2015 година во Апелационен суд Штип;
- 11 февруари 2015 година во Апелационен суд Битола;
- 12 февруари 2015 година во Основен суд Гостивар;
- 13 февруари 2015 година во х.ТЦЦ Плаза во Скопје.
Целта на семинарите е да се разменат идеи и компаративни искуства сé со цел унапредување на сегашната пракса и претставување на коментарите од интерес за потребите на системот за заштита на сведоци, во насока на усвојување на најдобрата пракса и искуство.
На семинарите излагања поврзани со темата ќе имаат експерти од WINPRO кои ќе ги споделат искуствата на Обединетото Кралство и Шпанија.
Темите кои ќе бидат опфатени во рамките на семинарите се следните:
- Улогата на Јавниот Обвинител во текот на постапката за вклучување во Програмата за заштита на сведоци
- Презентација на студии на случаи од искуството во Обединетото Кралство за примената на Програмите за заштита на сведоци
- Улогата на Одделението за заштита на сведоци во Македонија
На семинарите од страна на експертите ќе биде презентирана и Брошурата за општите насоки за разгледување и примена на заштитата на сведоци.
Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.