СЕММ повикува на внимателно и одговорно известување околу корона вирусот | Правдико

Правдико

   

СЕММ повикува на внимателно и одговорно известување околу корона вирусот

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Внимателно и одговорно известување околу корона вирусот.

Во врска со појавата на случај на корона вирус во државата, Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) повикува медиумите да се однесуваат професионално и етички и да не придонесуваат во ширењето невистини и создавањето паника кај јавноста.

Информирањето во вакви случаи, според Кодексот на новинарите (член 8), мора да биде ослободено од сензационализми. Медиумите треба да дејствуваат на начин што ги разликува од обични преносители на информации и факти и да ја применат и својата улога како смирувачи на вознемиреноста кај граѓаните.

Освен тоа, тие треба внимателно да им пристапуваат на информациите со коишто се изнесуваат проценки за можна ескалација на случувањата.

Препорачуваме

Партнери на Правдико