Сенатот на САД на чекор да го ратификува членството на Црна Гора во НАТО | Правдико

Правдико

   

Сенатот на САД на чекор да го ратификува членството на Црна Гора во НАТО

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Црна Гора на чекор поблиску до членство во НАТО. Американскиот сенат со 97 гласови „за“ ја поддржа процедуралната мерка со што е завршена расправата и им е овозможено на сенатортите да се изјаснат за протоклот за прием на Црна Гора во Алијансата. Не сите се согласуваат со зеленото светло на поголемиот дел од американскиот сенат.  Сенаторот од Кентаки Ренд Пол, како и неговиот партиски колега од Јута, Мајк Ли гласаат против.

„Рускиот претседател Владимир Путин на сите начини се обидува да ги заплаши земјите што сакаат да станат членки на НАТО и да го зголеми влијанието на Русија“, изјави лидерот на републиканското мнозинство, сенаторот од Кентаки Мич Меконел кој уште на почеток на седницата нагласи дека позитивното гласање за протоколот за Црна Гора ќе им даде знак на останатите земји  што сакаат да и се приклучат на Алијансата дека патот до членството е тежок, но не е залуден.

Тој наведе дека САД и европските сојузници се соочуваат со бројни закани и оти НАТО и понатаму е исклучително важен сојуз.

Сенаторот од Кентаки Ренд Пол, единствениот кој јавно се спротивставува на влаз на Црна Гора во Алијансата, нагласи дека НАТО од приемот на Црна Гора и нејзините 2.000 војници нема да има многу корист.

„Приемот на Црна Гора би претставувал дополнителна финансиска и воена обврска за САД и не би ги унапредил нејзините безбедносни и национални интереси. Не сакам САД, со приемот на Црна Гора, да се обврзе дека ќе испраќа свои војници во потенцијален конфликт, ако мораат да ја бранат Црна Гора“, изјави сенаторот од Кентаки Ренд Пол.

Откако, документот ќе биде ратификуван од сите земји членки на НАТО, Црна Гора ќе стане 29 земја-членка според Северноатланскиот договор.  Протоколот е ратификуван од страна на 24, од вкупно 28 членки на Алијансата.

Извор: 24Вести

Партнери на Правдико