Сенатот се изјасни „против“ ветото на Обама за тужби против Саудиска Арабија | Правдико

Правдико

   

Сенатот се изјасни „против“ ветото на Обама за тужби против Саудиска Арабија

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Senatot na SADСенатот на САД со големо мнозинство го отфрли ветото на претседателот Барак Обама за законот со кој ќе им се дозволи на семејствата на загинатите во нападите од 11 септември 2001 година да ја тужат Владата на Саудиска Арабија.

Само еден член од 100-те членови на Сенатот гласаше „против“ законот, а 97 сенатори гласаа „за“.

Претседателското вето се отфрла со две-третини од сенаторите.

Белата куќа ја нападна речиси едногласната одлука на Сенатот.

– Ова е најголем срам што Сенатот на САД го има направено најверојатно уште од 1983 година, изјави портпаролот на Белата куќа Џош Ернест, потсетувајќи на последниот случај кога Сенатот со големо мнозинство гласови го одби претседателското вето.

Претходно Саудиска Арабија и нејзините сојузници ги предупредија американските законодавни органи дека ако им дозволат на државјаните на САД да го тужат Ријад поради нападите од 2001 година, ќе има негативни последици.

За отфрлање на ветото на Обама треба да гласа и Претставничкиот дом во Конгресот.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико