Сепак возачите ќе треба да возат со запалени светла и дење и ноќе
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Со амандманот на член 86 за менување на став 1 и во став 3 поднесен од пратениците Нола Исмајлоска Старова, Силвана Бонева, Андон Чибишев и Марија Ангелова со архивски број 08-3360/100 се предлага останување на досегашното решение на употребата на светлата во сообраќајот од страна на возачите дење и ноќе. Имено со поднесениот и усвоен амандман во новиот ПРЕДЛОГ Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата кој сеуште е во собраниска процедура се предвидува:
-Во сообраќај на пат, дење и ноќе, за време на управување со возилото, возачот на возилото задолжително треба да ги има запалено најмалку соборените светла за осветлување на патот. Обврската, не се однесува за возачите на запрежни возила и велосипедистите кога запрежното возило односно велосипедот го управуваат дење, освен во услови на намалена видливост.
Ако на запрежното возило едно светло се наоѓа на предната страна, а друго на задната страна, тие светла задолжително треба да бидат поставени на надолжната оска на возилото и за одбележување на левата страна на неговата лева страна, а ако на запрежното возило се наоѓа само една светилка, таа задолжително треба да биде поставена на левата страна на возилото.
Во условите, запрежното возило задолжително треба да има два катадиоптeри со црвена боја на задната страна и по еден катадиоптер со жолта или портокалова боја на секоја страна.
Мандатен платен налог со глоба во износ од 15 евра дење, 35 евра ноќе во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 15 негативни бода согласно со одредбите на овој закон, на возачот кој постапува спротивно на одредбите.
–ПРАВДИКО–