Сертификат за прележан ковид-19 преку системот „Мој термин“ | Правдико

Правдико

   

Сертификат за прележан ковид-19 преку системот „Мој термин“

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во Националниот систем „Мој термин“ е воведена можноста за издавање сертификат за прележан ковид-19. Сертификатот им се издава на сите лица кои во последните девет месеци биле позитивни на Sars-Cov-2 и се регистрирани како позитивни случаи во Националниот систем.

Од Министерството за здравство информираат дека сертификатот може да се преземе кај матичниот лекар или со најава на страницата vakcinacija.mk

Сертификатот е на македонски и англиски јазик, содржи податоци за лицето – име и презиме, единствен матичен број, датум на раѓање, пол, здравствен број на осигуреникот, потоа тип на тест, датум на тестирање, датум на позитивен резултат, здравствена установа (лабораторија) каде што е направено тестирањето, како и QR-код. Сертификатот е заверен со дигитален печат на Министерството за здравство, информира Министерството.

За патување во странство, дел од земјите бараат да се достави негативен ПЦР тест, доказ дека лицето прележало ковид или пак потврда за целосна имунизација.

Извор: Радио слободна Европа

Препорачуваме

Партнери на Правдико