Сестрата на бившиот лидер на Исламската држава осудена на смрт
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Ирачкиот суд соопшти дека ја осудил на смрт сестрата на Абу Омар ал Багдади, бившиот шеф на терористичката група Ал каеда во Ирак, кој беше убиен во 2010 година. Сестрата на џихадистичкиот лидер, чие име не е соопштено, е осудена на смрт со бесење. Судот наведе дека таа им се приклучила на терористичките организации, на кои им дала логистичка помош и помош во спроведувањето разни кривични дела.
– Таа на судењето призна дека им давала пари на вооружените групи во Мосул – додаде судот.
Ал Багдади беше лидер на Ал каеда во Ирак, а по обединувањето на групата со други џихадистички формации, го презеде водството на Исламската држава во оваа земја. Тој е одговорен за организирање десетици самоубиствени напади во Ирак. Сопругата на ал Багдади беше уапсена и осудена на доживотен затвор.
Извор: Нова Македонија