Северна Ирска: Законот за абортус „некомпатибилен“ со човековите права
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Судија на Врховниот суд во Белфаст во средата изјави дека законите за абортус во Северна Ирска, кои што дозволуваат абортус само кога мајката се соочува со ризик од смрт или сериозна повреда, не се во согласност со законите за човекови права.
Одлуката на судијата Марк Хорнер не поддржува само измени во законот, туку прави притисок на парламентот на Северна Ирска за да се договорат за целосно нов закон за абортус.
Минатиот месец Хорнер смета дека со тоа што не обезбедиле исклучоци за жени кои биле жртви на сексуална злоупотреба и случаи во кои фатална фетална абнормалност е присутна во текот на бременоста, Северна Ирска го прекршила член 8 од Европската конвенција за човекови права.
Хорнер истакна во својата претходна одлука дека не се воспостави “општо право” за абортусот, бидејќи не постои такво право, освен во ограничени околности.