Северна Кореја го ослободи канадскиот христијански свештеник | Правдико

Правдико

   

Северна Кореја го ослободи канадскиот христијански свештеник

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Канадскиот христијански свештеник Хиеон Со Лим, кој беше осуден на доживотен затвор со тешка физичка работа, денеска е ослободен, соопштија властите на Северна Кореја.

Во официјалното соопштение се вели дека 62-годишниот Хиеон Со Лим бил ослободен од хуманитарни причини.

Во декември 2015 година свештеникот бил уапсен и осуден во судски процес што траел само 90 минути.

Строгата казна му била изречена бидејќи бил обвинет за злосторство против севернокорејската држава.

Ослободувањето на Со Лим доаѓа само 24 часа откако владата на Канада објави дека една нејзина делегација престојува во Пјонгјанг за да расправа за неговиот случај.

Свештеникот, кој е по потекло од Јужна Кореја, живее во Торонто. Во текот на судењето тој признал дека правел заговор за соборување на власта во Северна Кореја и за создавање религиозна држава.

Неговото семејство објаснува дека тој заминал за Северна Кореја во јануари 2015 година за да помогне во уредување дом за деца, градинка и дом за деца без родители.

Неговата црква во Канада претходно соопшти дека сите обвинувања против Хиеон Со Лим се измислени.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико