Северна Кореја осуди Американец | Правдико

Правдико

   

Северна Кореја осуди Американец

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Северна Кореја го осуди американскиот државјанин Метју Милер на шест години работен логор. Образложението на пресудата е непрецизно.

0,,17920815_303,00

Младиот американски државјанин извршил, како што се вели, „непријателски акти“, кога „облечен како турист“ стапнал на севернокорејска територија, извести државнаа агенција КЦНА. Метју Милер (на фотографијата) беше уапсен во април годинава кога при влегување во земјата поднесе барање за азил.

Покрај Милер, севернокорејските власти затворија уште двајца американски државјани. Тројцата уапсени пред две недели побараа помош од американската влада. Казната за Милер е значително поблага отколку онаа што му беше изречена на 45-годишниот мисионер Кенет Беи. Тој пред една година беше осуден на 15 години работен логор поради наводен обид за соборување на власта. 56-годишниот Џефри Фаули, кој исто така влегол во Северна Кореја како турист, според јапонските медиуми е соочен со обвинување дека во својата хотелска соба ја оставил Библијата.

Комунистичкиот режим во Северна Кореа на меѓународните обвинувања за големи прекршувања на човековите порава реагираше со свој извештај за политиката на човекови права. Во тој извештај САД и другите „непријателски сили“ се обвинети дека шират лаги за состојбата со човековите права во Северна Кореја и дека се мешаат во внатрешните работи на земјата.

Извор: Deutsche Welle

Препорачуваме

Партнери на Правдико