Северна Кореја се заканува со нов атомски тест | Правдико

Правдико

   

Северна Кореја се заканува со нов атомски тест

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

По критиката од страна на Советот за безбедност на ОН за нејзините последни лансирања на проектили, Северна Кореја се закани со нова атомска проба.Тоа би бил четврти таков тест од 2006. година наваму.

0,,16776338_303,00

Северна Кореја предупреди дека „не ја исклучува“ можноста да изврши четврта нуклеарна проба, заострувајќи ја реториката откако Советот за безбедност на Обединетите нации го осуди неодамнешното лансирање на северокорејски балистички ракети.

„Апсолутно е недозволено СБ на ОН, кој ги затвора очите пред американските импулсивни подготовки за нуклеарна војна, да ги критикува пробите на самоодбранбените ракети на северокорејската народна армија и тоа да го нарекува кршење на резолуции и закана за мирот и безбедноста во светот, изразувајќи подготвеност да преземе соодветни мерки“, се наведува во соопштението на севернокорејското Министерство за надворешни работи.

Во соопштението се истакнува дека „новиот облик на нуклеарни проби ќе биде со цел да се зајакне нуклеарното оружје“.

Северна Кореја во средата истрела две балистички ракети „Родонг“ со среден дострел во морето во близина на источниот брег на Корејскиот Полуостров, а СБ на ОН еден ден подоцна го осуди таквиот чин, посочувајќи оти со тоа се прекршени повеќе резолуции на ОН.

Најавата за нови нуклеарни проби уследи и по заедничките воени вежби на Јужна Кореја и САД и по обвинувањата од ОН за злосторства против човештвото. Во петокот Советот на ОН за човекови права најави дека разгледува санкции и меѓународна судска истрага против севернокорејските лидери поради злосторства против човештвото.

Северна Кореја од 2006 година изведе три нуклеарни проби и покрај резолуциите на СБ на ОН дека се забрануваат дејностите поврзани со нуклеарни технологии. Во 2006 и 2009 година пробите беа извршени со плотониум, додека во 2013 година не е познато што е употребено при нуклеарната проба. Јужнокорејски експерти претпоставуваат дека се работело за ураниум.

Извор: Deutsche Welle

Препорачуваме

Партнери на Правдико