Северна Кореја тестираше хидрогенска бомба | Правдико

Правдико

   

Северна Кореја тестираше хидрогенска бомба

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

 Северна Кореја соопшти дека изврши проба на хидрогенска бомба. Доколку ова се потврди како вистина, ќе претставува голем чекор во унапредувањето на нуклеарниот арсенал на земјата.

На државната телевизија објавено е дека Пјонгјанг тестирал, “минијатурна” Хидрогенска бомба, подигнувајќи ја нуклеарната моќ на земјата на следно ниво, со што обезбедиле оружје за одбрана на САД и други непријатели.

Во соопштението се додава дека тестот е “совршено успешен”, а веста за тоа беше прославувана на улиците на Пјонгјанг.

Голем број на луѓе се собраа пред главната железничка станица пред големиот екран да ги гледаат специјалните вести на пробата.

Успешниот тест на хидрогенската бомба би значело дека Северна Кореја е се поблиску до својата цел на производство на бомба доволно мала за да може на ракета да ја досегне америчката територија.

Во поновата историја на Пјонгјанг, веќе изведе три нуклеарни проби, во 2006, 2009 и 2013 година, за што кон Северна Кореја, во неколку наврати се воведоа санкции на ОН.

 

Препорачуваме

Партнери на Правдико