Шахпаска: Законот за пензионирање на 64 години заглавен во Собранието
© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, вели дека Законот за пензионирање до 62, односно 64 години е стигнат до второ читање во Собранието.
„Блокиран е од опозицијата со 400 до 500 амандмани и расправата е доведена до амандманска расправа“, појаснува Шахпаска.
Таа вели дека Законот е предложен од страна на пратеници, а не од Министерството.
„Ги повикувам пратениците да најдат решение, затоа што нашите сознанија се дека сите амандмани се исти за преместување на рокот за важење на законот“, рече Шахпаска.
Извор: Макфакс