Шаќири: Нулта толеранција за корупцијата | Правдико

Правдико

   

Шаќири: Нулта толеранција за корупцијата

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Воспоставување електронски систем за поднесување електронски пријави и поплаки поврзани со услугите кон јавната администрација, е еден од проектите во рамките на дигитализација на услугите на Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) и Владата, најави министерот Јетон Шаќири.

Со тоа, како што вели, ќе се овозможи граѓаните во секое време да пријават проблем или поплака поврзани со јавна институција, како и да пријават проблем во постапка за добивање определена услуга од јавната администрација.

„Електронскиот систем за поднесување електронски пријави, претставки и предлози ќе овозможи услови граѓаните и правните лица во секое време да пријават потенцијални сомнежи за корупција во конкретен орган на државната управа, но и да пријават проблем во постапка за добивање определена услуга од овие органи. Освен примарните придобивки, кои се однесуваат на директна интервенција за конкретни проблеми со јавните институции и услугите што ги даваат кон граѓаните и правните лица, системот има цел да ги поддржи стратегијата и процесот на понатамошно подобрување на јавната администрација преку трансформација на процесите и подобрување на институционалните капацитети“, изјави Шаќири.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико