Шалтерски работници во Македонска пошта украле околу 166 илјади денари | Правдико

Правдико

   

Шалтерски работници во Македонска пошта украле околу 166 илјади денари

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Двајца вработени на шалтер во подружница на Македонска пошта во Битола неовластено земале 165.942 денари.

Полицијата соопшти дека се работи за лица на возраст од 52 и 53 години, со иницијали Љ.Г. и В.С. од битолско.

„Минатиот месец првопријавениот, вработен како шалтерски работник во Македонска пошта, подружница Битола, неовластено земал парични средства доверени на благајната во две пошти во селата Цапари и Кажани во износ од 143.432 денари. Второпријавениот, вработен како шалтерски работник во Македонска пошта-подружница Битола,  неовластено земал парични средства во износ од 22.510 денари кои биле доверени во благајната на пошта во село Кукуречани“, соопшти полицијата.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико