Шара се става под привремена заштита до донесување на Законот | Правдико

Правдико

   

Шара се става под привремена заштита до донесување на Законот

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, согласно Законот за заштита на природата, донесе решение за привремена заштита на делот од Шар Планина, за кој се води постапка за прогласување за заштитено подрачје во категорија II – национален парк.

Привремената заштита на подрачјето на кое се однесува решението се применува до денот на влегувањето во сила на законот со кој ќе се прогласи дел од Шар Планина за национален парк. Предлог-законот е одоборен од страна на Владата и во најскоро време се очекува да почне собраниската постапка за негово усвојување.

Со усвојување на овој Закон нашата држава ќе го добие првиот национален парк од прогласувањето на независноста со што вкупната површина на заштитени подрачја на национално ниво ќе изнесува 13,2% од севкупната територија.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико