Шефицата на СЈО, Катица Јанева, поднесе оставка | Правдико

Правдико

   

Шефицата на СЈО, Катица Јанева, поднесе оставка

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Шефицата на специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева, поднесе оставка. Таа објави дека нејзината оставка ќе стане активна тогаш кога политичките партии ќе се усогласат за новото законско решение и ќе го изберат нејзиниот наследник.

„Во моментот кога со консензус на сите политички партии бев избрана за специјален јавен обвинител, пред себеси и пред граѓаните на Република Северна Македонија ветив дека функцијата специјален јавен обвинител ќе ја извршувам во интерес на владеењето на правото и борбата против криминалот и коруцпијата во Република Северна Македонија. Се нафатив на функцијата во исклучително тешки околности и целосно свесна за задачата што ми е дадена. Чест ми беше да ѝ служам на државата и да бидам на чело на исклучително професионален обвинителски тим, истражителски тим и тим на вработени што безрезервно и посветено си ги извршуваат своите работни задачи“, вели Јанева.

Додава дека со месеци ги следи медиумските прилози за преговорите меѓу работните групи на политичките партиите за иднината на специјалното јавно обвинителство и дека нема да дозволи да биде искористена за нечие алиби.

„Еве, денес, ја користам пригодата да ја информирам јавноста дека јас нема да дозволам моето име да биде искористено за нечие алиби со кое во заложништво ќе се држат судбината на специјалното јавно обвинителство и европските интеграции на мојата земја“, вели Јанева.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико