Шефот на Формула 1, на обвинителна клупа во Германија | Правдико

Правдико

   

Шефот на Формула 1, на обвинителна клупа во Германија

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Пред Покраинскиот суд во Минхен започна судски процес против Берни Еклстон по обвинение за поткуп и поттикнување на нелојалност. Еклестон ги обвини клучните сведоци за уцена.

eklstonn0

„Поткупот за кој гласи обвинението не постои“, изјавија бранителите на Еклстон денеска (24.04.2014) пред почетокот на судењето на 83-годишниот Британец пред Покраинскиот суд во Минхен. Тие најавија презентирање нови докази со кои нивниот клиент се ослободува од вина.
Шефот на Формула 1, според обвинението, на поранешниот член на Управниот одбор на Баварската покраинска банка (ЛБС), Герхард Грибковски, му платил мито од 44 милиони американски долари за банката, што фактички и се случило, да му ги продаде своите удели во Формула 1 на инвеститор протежиран од Еклестон. Британскиот инвеститор ЦВЦ претходно отворено најавила дека сака да го задржи Еклестон на менаџерската позиција во Формула Груп.
Герхард Грибковски кој пред две години веќе е осуден на затворска казна од осум и пол години веќе го призна примањето на поткуп. Еклстон ги отфрла обвиненијата и тврди дека Грибковски го уценувал.
Еклстон на обвинителната клупа во Минхен треба да се појавува еднаш до двапати неделно, до септември се предвидени 26 рочишта. Во случај да биде осуден, на спортскиот менаџер му се заканува казна до десет години затвор и губење на функцијата во Формула 1, која тој ја смета за свое животно дело.
„Од овој спорт јас можев да направам вистински голем бизнис“, истакна Еклстон. Во обвинението стои дека милијарди долари тешката бизнис империја Еклстон ја води преку непрегледен сплет на фирми, а сите оперативни структури се прилагодени кон неговите потреби и ги контролира тој самиот.

Извор: DW

Препорачуваме

Партнери на Правдико