Шефовите на дипломатии на ЕУ расправаат за прашањето за проширување | Правдико

Правдико

   

Шефовите на дипломатии на ЕУ расправаат за прашањето за проширување

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Министрите за надворешни работи на ЕУ денеска ќе разговараат за многу важно прашање за проширување кон Западен Балкан, изјави Ана Паула Закаријас, министер за надворешни работи на Португалија.

Закаријас рече дека министрите во Луксембург ќе разговараат за тоа кога ќе може да се одобри отворањето на првите поглавја во преговорите со Северна Македонија и Албанија како и за состојбата во преговорите за членство со Србија и Црна Гора.

Таа посочи дека е многу добро што членките на ЕУ ја одобриле повеќегодишната предпристапна програма ИПА-III за Западен Балкан, во износ од 14,6 милијарди евра, до 2027 година.

Инаку пред почетокот на состанокот повеќе министри упатиле охрабрувачки пораки и поддршка за Македонија и Албанија на патот кон ЕУ.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико