Шекеринска: За неколку седмици, ќе стекнеме право на присуство и изнесување мислења на состаноците на НАТО | Правдико

Правдико

Виртуальное казино Vavada предлагает своим посетителям множество азартных игр, включая популярные слоты, рулетку и покер, а также другие развлечения. Главные достоинства Vavada - это простота использования интерфейса и обширный ассортимент игровых автоматов. Казино Vavada привлекает пользователей разнообразием бонусов и акций. Необходимо помнить о потенциальных рисках, связанных с азартными играми, и важно играть ответственно, устанавливая разумные лимиты на ставки.

   

Шекеринска: За неколку седмици, ќе стекнеме право на присуство и изнесување мислења на состаноците на НАТО

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, оствари средба со делегација на Европскиот директорат за надворешни активности, предводена од директорот за кризен менаџмент и планирање, Габор Инклоди.

Од Министерството за одбрана информираат дека денешната средба се одржува по неполни два месеца од доставената иницијатива Македонија да биде вклучена во европскиот проект за процена на хибридните закани за која е добиен позитивен одговор.

Во разговорите со европските претставници Шекеринска ги информира дека Министерството за одбрана ја презема водечката улога на координатор на целиот процес за што веќе е формирано тело и се именувани национален координатор и негови заменици, кои се експерти во областа. Во процесот, истакна министерката, ќе учествуваат 27 институции.

„Владата го финализира преспанскиот договор со кој, по исполнувањето на обврските и од двете страни, ќе се овозможи полноправно членство на Македонија во НАТО, со што ќе се зајакнат стабилноста и безбедноста на нашата земја и на регионот и ќе се намалат ризиците од таков вид. Веќе за неколку седмици Македонија ќе стекне право да присуствува и да изнесува мислење на сите состаноци на алијансата“, рече Шекеринска.

Министерката дополни и дека македонската Влада промовира нова политика на создавање пријатели наместо непријатели и дека со цел да внесе дух на соработка и помирување во регионот се фокусира на градење мостови и пријателства со соседите.

Од страна на европската делегација беше потенцирано дека државите од Западен Балкан не се само партнери, туку и идни членки на ЕУ и дека цврстите врски со нашата земја се на високо место во агендата на Брисел.

Во рамките на посетата на европската делегација се одржала и тркалезна маса, на која гостите од ЕУ и нашето национално координативно тело дискутирале за следните чекори и временските рокови за нивно извршување.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико