Шест години затвор за Оскар Писториус | Правдико

Правдико

   

Шест години затвор за Оскар Писториус

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Јужноафриканскиот атлетичар Оскар Писториус е осуден на затворска казна од шест години поради убиството на својата девојка Рива Стенкамп во 2013 година.

15054635064_896741c5a3_o

Писториус првично беше осуден за убиство од невнимание кога му беше одредена петгодишна затворска казна, но апелацискиот суд го обвини за убиство.

Минималната казна за ова дело е 15 години, но судијата изјави дека постојат „цврсти причини“ за поблага пресуда и истакна дека должноста на судот била да ја „исправи лошата перцепција“ дека Писториус намерно го направил злосторството.

Писториус на 14 февруари 2013 година ја уби својата девојка Рива Стенкамп со огнено оружје низ затворена врата од бањата, затоа што, како што рече, мислел дека се работи за провалник. Стенкамп, која беше позната манекенка, е убиена со четири куршуми.

Како што истакна судијката Токозиле Масипа, јавноста стекнала погрешен впечаток дека Писториус сакал да ја убие својата девојка.

– Мислењето на јавноста може да биде гласно и упорно, но не може да игра улога во носењето одлуки на овој суд. Нашите судови се тука за да го спроведуваат законот, а не за да го слушаат јавно мислење – изјави Масипа.

Шесткратниот освојувач на златен медал на Параолимписките игри е пуштен во домашен притвор, откако една година помина во затвор.

Извор: Мета

Партнери на Правдико