Шест лица физички нападнале момче од скопско Арачиново, при што го држеле затворен околу половина час | Правдико

Правдико

   

Шест лица физички нападнале момче од скопско Арачиново, при што го држеле затворен околу половина час

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во текот на вчерашниот комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје во полицијата пријавило дека бил донесено 22-годишно момче кое имал повреди добиени од физички напад.

„По преземени мерки, било утврдено дека истиот ден околу 13:00 часот во село Арачиново на улица „1“, додека момчето управувало патничко моторно возило, две патнички возила му го попречиле патот, при што од истите излегле шест вооружени лица. При тоа, истите со едно од возилата, го однеле момчето во објект лоциран на улица „11“ во село Арачиново, каде физички го нападнале, при што го држеле затворен околу половина час“, соопшти полицијата.

По половина час откако момчето било претепано, во објектот каде бил држен пристигнал негов братучед кој го пренел истиот во комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош, додава полицијата.

Од страна на претепаното момче како сторители во полицијата се посочени неколку лица од истото село поради нерасчистени семејни односи, односно во врска со неговата поранешна вереница од село Арачиново. МВР соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико