Правдико

   

Шест лица кривично-пријавени за манипулации со земјоделски субвенции и за негрижа кон животни

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка до Основното јавно обвинителство Крива Паланка поднесе кривична пријава против З.И.(54), С.М (53), Г.Г. (39), Г.Ѓ. (49), С.Ѓ.(74) и А.Ѓ. (22) поради постоење основи на сомнение дека првопријавениот сторил шест, второ и третопријавениот сториле по едно кривично дело -“злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 став 5 (а вв став 1 и 3 од член 22 и член 45 од Кривичниот законик на Р.Македонија), додека, пак, четвртопријавениот, петопријавениот, шестопријавениот сториле кривични дела – “мачење животни“ по член 233 став 1 и 2 и – “предизвикување општа опасност“, по член 288 став 1 в.в. член 22 и член 45 од Кривичниот законик на Р.Македонија.

Според документираните сознанија од истрагата, З.И. во својство на службено лице, ветеринар во Агенцијата за храна и ветеринарство при РМ,  подрачна единица – Крива Паланка, постапувајќи по претставка од граѓанин и Барање од месно население, во периодот од 2015 до 2017 година со искористување на својата службена положба и со неизвршување на својата службена должност противправно прибавил корист за физичките лица, иматели на одгледувалишта за крупен добиток  – Г.Ѓ, С.Ѓ и А.Ѓ во вкупен износ од 4.253.668 денари, за кој износ е оштетен Буџетот на РМ.

Имено З.И., иако знаел дека трите одгледувалишта за крупен добиток (говеда) не ги исполнувале условите, согласно Законите за заштита и благосостојба на животните, за ветеринарно здравство и за безбедност на храната, сепак непревземал мерки за отстранување на недостатоците. Во одредени случаи кога вршел инспекциски надзор издавал записник и решенија за отстранување на неправилностите, но потоа не ја проверувал фактичата состојба на лице место, односно дали воопшто е постапено по решенијата издадени од него, ја запирал постапката на изјава, а во одредени случаи воопшто не издавал решенија со наложени мерки.

Второпријавениот С.М., во својство на контролор во Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделието и руралниот развој – Скопје, и покрај тоа што констатирал недостатоци, не донел Решение со констатирани недостатоци и на тој начин му овозможил на Г.Ѓ да се стекне со противправна имотна корист од 190.400 денари, а по претходно поднесено Барање за директни плаќања од програмата за финансиска подршка во земјоделството.

Исто така и Г.Г. во својство на службено лице – доктор по ветеринарна медицина во правното лице „Ветеринарна станица со лабораторија за лабораториско– клинички испитувања Станојко и други“ ДОО Крива Паланка, при земање на мостри за здравствена заштита на животните – (туберкулоза и бруцелоза) од одгледувалиштата на Г.Ѓ., С.Ѓ. и А.Ѓ. за правното лице противправно прибавил корист во износ од околу 107.328 денари и за тој износ го оштетил Буџетот на Република Македонија. Првопријавениот З.И. од своја страна ги потпишал изготвените фактури како да се уредни, иако според доставената документација за 2015, 2016 и 2017 година биле констатирани неправилности во одгледувалиштата.

Пријавените, Г.Ѓ., С.Ѓ. и А.Ѓ., пак, регистрирале одгледувалишта за крупен добиток и земале субвенции, но не ги обезбедиле основните услови за држење и одгледување на добитокот. Имено, тие необезбедиле основни услови за заштита и благосотојба на животните, како што се: избегнување на штетни влијанија на надворешни фактори од животната средина, необезбедиле секојдневно вода за напојување со соодветен квалитет, како и храна со соодветна хранлива вредност. Покрај ова, тие како одгледувачи неoбезбедиле ни соодветни живеалишта и простор за сместување, како и опрема која ги исполнува минималните стандарди за заштита и благосостојба на животните.

Токму поради таквите услови Г.Ѓ., С.Ѓ. и А.Ѓ. овозможиле стоката неконтролирано да се движи по магистралниот пат Крива Паланка – Граничен премин „Деве Баир“ и на тој начин го загрозувале патниот сообраќај доведувајќи ги во опасност учесниците во сообраќајот. Исто така, сточниот добиток неконтролирано и без надзор се движеле на подрачјето на неколку села и предизвикувале различни штети на месното население, кое во повеќе наврати пријавувало во Полициската станица Крива Паланка.

Партнери на Правдико