Шест лица убиени за време на неофицијалниот референдум во Венецуела | Правдико

Правдико

   

Шест лица убиени за време на неофицијалниот референдум во Венецуела

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Повеќе од 7,1 милиони луѓе гласаа на неофицијалниот народен референдум, организиран од опозицијата во Венецуела против политиката на претседателот Николас Мадуро и плановите за уставни измени.

Според 95 отсто обработени ливчиња, 98 отсто од гласачите се изјасниле против предлогот на Мадуро за свикување на Конститутивно собрание, кое според неговите ривали има за цел „консолидација на диктатурата“.

Опозицијата тврди дека за време на вчерашното гласање припадници на вооружените банди убиле шест лица во Каракас.

За Мадуро референдумот е илегален и безначаен и се залага за официјален референдум на 30 јули за формирање на нов Парламент, кој ќе овозможи уставни измени.

Гласачите на рефернедумот одговараа на три прашања: дали се против Конститутивното собрание, дали сакаат вооружените сили да го бранат постоечкиот Устав и дали сакаат избори пред истекот на мандатот на Мадуро во 2018 година.

Во Венецуела живеат околу 31,1 милиони луѓе.

Извор:Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико