Шиповиќ: Рангелова ми се качи на бирото
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Поранешниот претседател на Советот во Општина Центар, Мирослав Шиповиќ, на денешното рочиште за „Шлаканиците во Центар“ рече дека на седницата, која се одржувала на 10 јуни 2013 година, тогашната советничка од ВМРО-ДПМНЕ, сега обвинета во случајот, Даниела Рангелова, заедно со Томислав Лазаров му се качила на бирото во просторијата каде што се одржувала седницата со цел да го оневозможи во работењето.
Рангелова на претходно кажаното од страна на Шиповиќ дека цело време разговарала на мобилниот телефон го запраша експретседателот на Советот како можела да го прави тоа кога од големиот метеж ништо не се слушало во судницата.
На ова Шиповиќ одговори дека Рангелова имала специфичен глас, кој се слушал и покрај гласните граѓани што протестирале надвор.
„Имаш некој посебен глас, јас барем секогаш те слушав кога ми велеше: ‘Претседателе, претседателе’“, ѝ рече Шиповиќ на Рангелова.
Виктор Јованов
Извор: Макфакс