Правдико

   

Шкотска останува во Велика Британија

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Граѓаните на Шкотска гласаа против отцепувањето од Велика Британија, се вели во денешните официјални резултати кои имаат маргина за грешка од речиси 10 отсто

image.adapt.567.high.1410903462649
Врз основа на резултати од 31 од 32 региона, 55,42 отсто граѓаните Шкотска гласале за останување во рамки на Велика Британија додека 44,58 отсто граѓани се изјасниле Шкотска да прекине со 300-годишниот сојуз со Британија.

Првиот министер на Шкотска Алекс Салмонд предводник на отцепувањето, призна пораз откако беа објавени резултатите од 31 регион.

– Важно е да се каже дека нашиот референдум беше договорен процес одржан со дозвола, а Шкотска со мнозинство гласови во оваа фаза одлучи да не стане независна држава, изјави Салмонд.

Околу 4,3 милиони Шкоти имаа право да гласаат – да или не, на гласачко ливче на кое беше поставено прашањето: Дали Шкотска треба да биде независна држава?

Извор: Нова Македонија

Партнери на Правдико