Шкотска забрани пушење во приватни автомобили во кои има деца
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Во Шкотска денеска во рамки на владиниот план „Генерации без тутун“ во сила стапи новиот закон за забрана за пушење во автомобили, во кои се наоѓаат деца.
Согласно новиот закон, полицијата лицата кои ќе ги затекне со запалена цигара во приватно возило, во кое се наоѓаат малолетни лица ќе ги казни со сто фунти на самото место. Доколку случајот дојде до суд казната би можела да достигне илјада фунти.
Законот едногласно го усвоија сите членови на шкотскиот Парламент. Новата мерка е воведена во рамки на планот на шкотската Влада за намалување на стапката на пушење на помалку под пет отсто до 2034 година.
Извор: Нова Македонија