Шкотскиот парламент го отфрли планот на Меј за излез од ЕУ со симболично гласање | Правдико

Правдико

   

Шкотскиот парламент го отфрли планот на Меј за излез од ЕУ со симболично гласање

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Парламентот на Шкотска денеска го отфрли планот на британскиот премиер Тереза Меј за излез од Европската унија преку симболично, правно необврзувачко гласање.

Гласањето демонстрира несогласувања меѓу четирите составни земји на Обединетото Кралство за Брегзит.

Англија и Велс гласаа за излез од ЕУ на референдумот во јуни, но повеќето гласачи во Шкотска и Северна Ирска гласаа за останување.

Шкотскиот прв министер Никола Старџен неколкупати повика интересите на Шкотска да бидат земени предвид за време на претстојните преговори за Брегзит.

„Против“ започнувањето на преговорите за условите за излез на Велика Британија од ЕУ гласаа 90 пратеници, а „за“ – 34.

Симболичното гласање, што не може да му попречи на Лондон да ги започне преговорите со Брисел со излез на Обединетото Кралство од ЕУ, се одржа по иницијатива на Шкотската национална партија која има мнозинство во локалниот парламент.

Извор: Нова Македонија

Партнери на Правдико