Шофер на автобус нападнат и ограбен, му украле 800.000 денари | Правдико

Правдико

   

Шофер на автобус нападнат и ограбен, му украле 800.000 денари

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Три непознати лица нападнале и ограбиле возач на автобус и му украле 800.000 денари.

policija-sofer

Во понеделникот попладне, околу 16 часот дваесет и деветгодишниот возач со автомобил „поло“ сопственост на неговата фирм „Јадран“ дошол во кругот на ЖАС да изврши проверка на автобусот со кој требало да оди на пат.

Откако ја отворил вратата од хангарот, непознато машко лице го удрило со пиштол по грб и го внело внатре во хангарот каде влегле уште две лица. Трите лица го удирале по телото  и го внеле во автобусот, а потоа со закана со оружје му одзеле 800.000 денари.

Потоа му ги врзале рацете и нозете со лисици,  го оставиле внатре во автобусот, и го напуштиле местото со неговото возило. Подоцна возилото било пронајдено на бул.„Никола Карев“. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за расчистување на случајот.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико