Правдико

   

Шпанија: Ослободени од шест од осум каталонски политичари

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Шпанскиот врховен суд одлучи да пушти на слобода од шест од осум члена на поранешната каталонска влада, кои се сменети и уапсени по прогласувањето на независност.

Меѓутоа, судот го одби барањето за ослободување од кауција на поранешниот каталонски потпретседател Ориол Жункерас и регионалниот министер за внатрешни работи, Жоаким Форн.

За шестемина поранешни членови на каталонската влада, кои беа притворени во рамките на истрага за вмешаност во незаконското еднострано прогласување на независност на 27 октомври, одредена е кауција во износ од 100.000 евра.

Што се однесува до Жункерас и Форн, судот смета дека допрва треба да се види дали се вистините нивните ветувања дека ќе ги почитуваат шпанските закони и ќе се откажат од прогласувањето независност на Каталонија.

Исто барање за ослободување од кауција е одбиено и за двајца сепаратистички активисти, лидери на организацијата „Каталонско народно собрание“ и „Омниум културал“.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико