Шпанската полиција со масовна рација затвораше хероински дувла
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Полицијата во Барселона соопшти дека во центарот на градот е во тек масовна рација во диво вселени станови што се користат за трговија со луѓе и конзумирање на хероин и други наркотични средства, пренесува Брејтбарт.
Најмалку 700 полициски агенти учествуваат во операцијата против трговијата со дрога во понеделникот, која следува по двегодишната истрага за криминалните гругови кои управуваат со становите, соопшти регионалната полиција на Каталонија во серија твитови.
Портпаролката на полицијата одби да го обелодени бројот на уапсени во акцијата.
Судот во Барселона одобри 40 претреси на станови, исто така познати како „наркодувла”, во централните населби Равал и Готик.
Жителите на Барселона се жалат дека зголемениот број нелегално вселени станови што се користат како центри за дистрибуција и потрошувачка на дрога, главно хероин, ја зголемил несигурноста во последниве години.
Извор: Макфакс