Шпанската принцеза Кристина изведена пред суд
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Шпанската принцеза Кристина и нејзиниот сопруг Ињаки Урдагарин се изведени на суд, што е прв пат од повторното воспоставување на монархијата во 1975 година да се гони член на шпанската кралска фамилија, јавуваат шпанските медиуми.
Принцеза Кристина (50) е обвинета за затајување на данок, бидејќи наводно не го пријавила данокот на личните трошоци платени од страна на Друштвото за трговија на недвижности во сопственост на нејзиниот сопруг.
Ако биде прогласена за виновна,на принцезата и се заканува максимална казна затвор од осум години.
Заедно со Кристина, на обвинителната клупа ќе седат уште 17 лица, вклучувајќи го и нејзиниот сопруг Ињак, поранешен шпански ракометар и бизнисмен.
Урдагарин се соочува со сериозни обвинувања дека тој ја користел титулата војвода од Палма за проневера на околу шест милиони евра од јавните фондови преку неговата непрофитна организација “Институт нос”.