Шпанскиот државен обвинител побара потерница за Пучдемон | Правдико

Правдико

   

Шпанскиот државен обвинител побара потерница за Пучдемон

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Шпанскиот државен обвинител побара од надлежниот судија да издаде меѓународна потерница за каталонскиот лидер, Карлес Пучдемон.

„Обвинителот побара од истражните судии во Врховниот суд да се активира европскиот налог за апсење на Пучдемон“, соопшти обвинителството.

Според најавите, судијата не е обврзан да постапи по барањето на обвинителот.

Во меѓувреме, Пучдемон утрото допатува во Данска, наспроти апсењето што му се заканува во таа земја. Каталонскиот лидер, кој се засолни во Брисел за да не го уапсат шпанските власти, поради обидот за отцепување на Каталонија, во Данска би требало да учествува во дебата на тема „Каталонија и Европа на раскрсница за демократија“.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико