Шпанскиот суд одново активираше потерници за тројца каталонски лидери | Правдико

Правдико

   

Шпанскиот суд одново активираше потерници за тројца каталонски лидери

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Врховниот суд на Шпанија одново активираше европски налог за апсење на тројца каталонски лидери кои ја напуштија земјата по учеството во обидот за прогласување независност на Каталонија во 2017 година, изјави адвокатот на обвинетите, Гонзало Бој.

Тој рече дека добил вербална потврда од белгиските и шкотските власти во врска со потерниците за Луис Пуиг, Тони Комин и Клара Понсати, кои моментно живеат во егзил во Белгија и Шкотска, пренесува „Ројтерс“.

Шпанското обвинителство ги повика Комин и Понсати да се соочат со обвиненијата за бунт и злоупотреба на јавни средства.

Пуиг наводно е обвинет за непослушност и злоупотреба на јавни средства, но не и за бунт.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико