Шпанските власти запленија брод со 5,5 тони кокаин
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Шпанските власти, во соработка со еквадорската полиција, пресретнаа брод во кој биле пронајдени и запленети повеќе од 5,5 тони кокаин, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи на Шпанија, наведувајќи дека 20 лица се уапсени.
Еквадорските агенти влегле во товарниот брод што се наоѓал на речиси три милји од брегот на еквадорската провинција Санта Елена.
На бродот се наоѓал колумбиски кокаин, чија дестинациа требала да биде Европа.
Во соопштението на полицијата се наведува дека превозот го организирале група криумчари на дрога од североисточната покраина Галиција.
Полицијата на Еквадор меѓу товарот на бродот пронашла 176 вреќи со кокаин и уапсила 20 мажи.
Извор: Нова Македонија