Шпигел: Германија ја шпионирала Белата куќа | Правдико

Правдико

   

Шпигел: Германија ја шпионирала Белата куќа

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Германската разузнавачка служба (БНД) долго време шпионирала повеќемина државни претставници и компании во САД, вклучувајќи ја и Белата куќа, објави денеска „Шпигел“.

Германскиот весник наведува дека имал увид во документацијата која покажува дека БНД има листа од околу 4.000 „избрани клучни зборови“ за надгледување во периодот од 1998 до 2006 година. Тоа вклучува телефонски броеви или факсови, адреси на е-пошта од Белата куќа, како и од министрите за финансии и надворешни работи. Меѓу другите, цел биле и воените институции, вклучително и американските воздухопловни и морнарички сили, „Агенцијата за национална безбедност“, како и „Хјуман рајтс воч“.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико