Шпилфелд: Започна со примена новиот систем на граници
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Австриските власти започнаа со имплементација на новиот систем за управување на граничниот премин со Словенија, Шпилфелд, и не се пуштаат повеќе бегалци во земјата, кои немаат намера да поднесат барање за азил во Австрија и во Германија.
На бегалците им се земаат отпечатоци, се регистрираат и преведувачи ги потврдуваат податоците за нивното потекло.
Австриската војска со 200 војници е присутни на преминот и ѝ помага на полицијата во спроведувањето на потребните мерки.
Новото управување на граничниот премин е дел од мерките донесени од владата со цел да се намали бројот на бегалци.
Бегалците на преминот подлежат на детални контроли и проверки, и ако се утврди дека дале лажни податоци или постојат и други причини за одбивање на влез, веднаш ги враќаат.
Од 1 јануари оваа година во Австрија влегле околу 42.000 луѓе, најмногу преку Словенија со автобус или со воз низ тунелот Караванкен, а сега бранот на бегалци треба да бидат пренесен во целост на Шпилфелд,
Во четвртокот на преминот Шпилфелд во Австрија влегле 500 бегалци, во средата 497, а преку другите премини околу 1.100.