Шпиунска афера: Германија и САД под сомнение дека ја прислушкувале Австрија | Правдико

Правдико

   

Шпиунска афера: Германија и САД под сомнение дека ја прислушкувале Австрија

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

576369_austrian-interior-minister-johanna-miklleitner2-ap_fВиена побара  појаснување во врска со информациите дека германската разузнавачка агенција БНД прислушкувала австриски  институции, вклучувајќи ја и полицијата, по наредба на американската разузнавачка служба (НСА)

“Ние ги анализираме извештаите. Моите експерти се во контакт со Германија “, рече австрискиот министер за внатрешни работи Јохана Микал Лајтнер. Таа истакна дека веднаш по објавувањето на информациите за прислушкувањето, на Денот на трудот, даде наредба да се испита таа информација.

Според германскиот “Билд”,  грманската БНД повеќе години се занимавала со економска шпионажа, за американската НСА. Како дел од овие активности се прислушувани и австриски институции, вклучувајќи ја и полицијата. Шпионските активности на БНД за НСА започнаа со американско-германски пакт после терористичките напади во Њујорк, а привите собрани податоци се испратени во 2002 година.

Што се однесува до Австрија германските шпиони по наредба на Американците, ги следеле преку интернет сите институции под ознаки “gov”, “diplo” и “Bundesamt”.

Kако што соопштува австрискиот прес, со голема сигурност се тврди дека БНД ги прислушкувал и надгледувал своите австриски колеги.

“Нашите безбедносни агенции веќе ги проверуваат наводите и дали тие се вистинити. Во прилог на тоа се најавува и покренување на истрага во Германија”, изјави, министерот за надворешни работи на Австрија Себастијан Курц, кој во моментов е на пат во САД.

Извор: Блиц.рс

Партнери на Правдико