Штип: Под земја, без храна и вода се 150 рудари | Правдико

Правдико

   

Штип: Под земја, без храна и вода се 150 рудари

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

toranicaБез храна и вода, во рударкото окно, веќе втор ден се 150 рудари од Тораница. Тие одбиваат да излезат додека не им се исплатат платите за февруари. На рударите од прва, втора и од трета смена од вчера, денеска не можеа да им се придружат и рударите од денешната прва смена. За рударите клучно барање е целосна исплата на февруарската плата.

Од синдикатот соопштија дека попладнево ќе се обидат да достават храна и вода во окното.

Спонтан прекин на работата има и во рудникот Злетово, чиј сопственик е истата фирма – „Бинани“.

– Ни ветија дека февруарската плата ќе биде исплатена во март, но тоа не се случи и ние денеска во осум часот почнавме со спонтан прекин на работата – вели претседателот на Синдикатот, Тодос Гацовски.

Засега нема најава дека рударите денеска ќе добијат плата.

Извор: META

Препорачуваме

Партнери на Правдико