Штипјанец ја силувал поранешната девојка | Правдико

Правдико

   

Штипјанец ја силувал поранешната девојка

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

СВР Штип поднесе кривична пријава против В.К. (41) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување“.

Вчера, во полициската станица во Штип, 25-годишна штипјанка пријавила дека претходниот ден околу В.К. од Штип, со кого претходно била во љубовна врска, ја однел во станот на неговиот брат, физички ја нападнал удирајќи ја со тупаници во пределот на главата и телото, по што насилно ѝ ја соблекол облеката и ја присилил на сексуален однос.

Потоа со неговото возило ја однел пред едно основно училиште и ѝ се заканил дека нема да ја остави сè додека не му ги врати парите кои ги потрошил на неа, по што си заминал. Таа не го пријавила настанот веднаш бидејќи се плашела за својата безбедност.

Од страна на судски вештак бил извршен преглед над Р.Б., а исто така, над неа бил извршен и лекарски преглед во Клиничка болница Штип, каде ѝ се констатирани тешки телесни повреди. В.К. e пронајден и лишен од слобода.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико