Штипјанец под истрага за нелегална трговија со метадон во Скопје | Правдико

Правдико

   

Штипјанец под истрага за нелегална трговија со метадон во Скопје

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Скопското основното јавно обвинителство донесе наредба за истрага против 33-годишен штипјанец за кого постои сомнение дека сторил кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.

Од обвинителството информираат дека во автомобил „сеат толедо“ со штипска регистрација, кое осомничениот го управувал на улицата „Петар Георгиев“ во Скопје, полициски службеници пронашле 30 оригинални шишенца метадон со вкупен волумен од 300 милилитри.

Опијатот кој е контролиран како опојна дрога бил скриен во просторот за резервна гума во багажот на автомобилот.

Јавниот обвинител до судија на претходна постапка доставил предлог за опртеделување притвор за осомничениот

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико