Штипјани на „Фејсбук“ лажно ветувале работа во Израел
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Двајца штипјани на „Фејсбук“ објавиле понуда за работа во Израел и наплаќале за посредување по 600 евра од човек.
Според информациите на МВР, против С.Ц.(39) и Д.Ц.(21), двајцата од Штип, е поднесена пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело измама.
Пријавените, пред околу три месеци на „Фејсбук“ објавиле понуда за работа во Израел, претставувајќи се како посредници, со услов пријавените сами да си го организираaт патот, доведувајќи ги во заблуда оштетените, кои за разновидни услуги биле насочени да извршат плаќање за адвокатски и патни трошоци, при што секој од нив поединечно потрошиле по 600 евра, или вкупно 1.800 евра.
Извор: Макфакс