Штипјани преку измама зеле пари од АВРМ
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Полицијата во Штип поднесе кривична пријава против М.К. (59), одговорно лице во ,,АДА- 1“ ДООЕЛ Штип, поради постоење основи на сомнение за сторени четири кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“, „фалсификување или уништување деловни книги“ , „повреда на права од работен однос “ и „измама при добивање кредит или друга погодност“.
Поднесени е и кривична против Трговско друштво за вработување на инвалидизирани лица за производство и трговија „АДА-1“ ДООЕЛ Штип, поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела „фалсификување или уништување деловни книги од правно лице“, „повреда на права од работен однос “ и „измама при добивање кредит или друга погодност од правно лице“.
Полицијата поднесе пријава и против лицето А.С. (47) од Штип-одговорно лице во „Скантракс“ ДОО Штип и Друштво за производство, транспорт, шпедиција, трговија со половни возила и услуги Скантракс ДОО увоз-извоз Штип поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „измама при добивање кредит или друга погодност“, како и против К.Џ. (60) од Штип, службено лице во „АВРМ-Штип“, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
На 30 декември минатата година, првопријавената како одговорно лице на второпријавеното правно лице ја злоупотребила својата службена положба и овластување, внесувајќи невистинити податоци во деловната книга за одјава на вработени, дека одјавува од работа девет вработени, од кои четири инвалидизирани лица во правното лице „АДА-1“ Штип, со основа на престанок на работниот однос „спогодбено“, и го потпишала и заверила со печат.
Образецот во име на второпријавеното правно лице го употребила во „АВРМ-Штип“ за одјавување на вработените, иако знаела дека вработените лица немале потпишано спогодба. Со ваквата постапка првопријавената им овозможила на дел од одјавените инвалидизирани лица да ги остварат своите права за паричен надоместок кој им следува како невработени лица, согласно Законот за вработување и осигурување.
Во 2014 година првопријавената, со цел второпријавеното правно лице да прибави инвестициони средства во износ од 833.880 денари за набавка на моторни возила, помогнала на третопријавениот како одговорно лице во четвртопријавеното правно лице, при што на АВРМ-Посебниот фонд за инвалиди му дала нецелосни и невистинити податоци за потеклото, сопственоста и вредноста на возилата.
Петопријавениот во својство на службено лице задолжен за надзор и контрола за правни лица, кои искористуваат средства од Посебниот фонд за инвалидизирани лица, ја злоупотребил својата службена должност и овластување на начин што на 12 февруари и на 13 октомври 2014 година, при извршените две контроли кај правното лице „АДА-1“ Штип, во записниците не евидентирал дека набавеното возило не е набавено од доставените понуди, како и бројот на вработените инвалидизирани лица е намален од пет на четири, кое е спротивно од договорот и условите за одобрување и користење на средствата, со што предизвикал штета на АВРМ-Посебен фонд за инвалиди во износ од 833.880 денари.
Извор: Нова Македонија