Што добиваат адвокатите со дополнетиот предлог Закон за нотаријат
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.После поднесените 1000 амандмани за Законот за нотаријатот, следеше едномесечно читање на истите, и изготвување на дополнет предлог Закон за нотаријатот, кој влегува на собраниска седница на 4 април 2016 година на 98-мата седница на Собранието на Република Македонија. Во дополнетиот предлог се вршат најчето јазични и терминолошки измени, но и некои дополнувања и измени на овластувањата на адвокатите кои беа предвидени со првичниот предлог закон.
Со поднесените амандмани се брише одредбата со која при составувањето на нотарскиот акт, кога вредноста на предметот на службеното дејствие го надминува износот од 20.000 евра во денарска противвредност по средниот курс на Народна банка на Република Македонија, задолжително е учество на адвокат во својство на полномошник како и употреба на адвокатски печат и потпис на нотарскиот акт.
Што се однесува за прватните исправи останува делот според кој ,,Приватната исправа , задолжително треба да биде составена од адвокат и да содржи адвокатски печат и потпис доколку се работи за правна работа со вредност над 10.000 евра во денарска противвредност според средниот курс на Народна банка на Република Македонија” со дополнување : освен доколку една од странките е Република Македонија. Доколку се потврдува приватна исправа чија вредност е под 10.000 евра, каде една од странките е банка, штедилница, финансиско друштво, давател на финансиски лизинг или осигурително друштво, приватната исправа не мора да биде составена од адвокат и да содржи адвокатски печат и потпис, а доколку вредноста на правната работа е над 10.000 евра, едната страна е должна да обезбеди адвокатски печат и потпис.
Се брише одредбата во член 56 став 4 : Доколку учесниците за правните работи од ставот (3) на овој член побараат издавање на нотарски акт, при составувањето на нотарскиот акт задолжително е присуство на адвокат во својство на полномошник за секој од учесниците, како и употреба на адвокатски печат и потпис на нотарскиот акт. Барањето за издавање на нотарски акт учесниците до нотарот го поднесуваат во писмена форма.
Во однос на нотарскиот платен налог останува одредбата според која ,, Предлог за издавање на решение за нотарски платен налог врз основа на веродостојна исправа, приговорот против решението со кое е издаден нотарски платен налог или по однос на одлуката за трошоците, приговорот против решението на нотарот со кое се отфрла предлогот како неуреден, предлогот за укинување на потврдата на правосилност и извршност, приговорот против решението на нотарот за укинување на потврдата за правосилност и извршност, приговорот против одлуката на нотарот со која се одбива предлогот за укинување на потврдата на правосилност и извршност, жалбата против решението на судот, задолжително ги составува адвокат и содржат адвокатски печат и потпис” со следното дополнување: освен доколку доверител е Република Македонија. Исто така се додаваат два ставови (3) и (4)кои гласат:
(3) По исклучок од ставот (2) од овој член, предлогот за издавање на решение за нотарски платен налог од страна на доверител кој обезбедува комунални услуги, и тоа:
-за вода, смет и одржување на заеднички простории за парично побарување од веродостојна исправа до 2.000,00 денари,
-за електрична или топлинска енергија за парично побарување од веродостојна исправа до 6.000,00 денари,
-за телефонија, мобилни оператори или кабелски оператори за парично побарување од веродостојна исправа до 2.000,00 денари, се поднесува непосредно до нотарот.
(4) По исклучок од ставот (2) на овој член, предлогот за издавање на решение за нотарски платен налог од страна на доверител банка, штедилница, финансиско друштво, давател на финансиски лизинг или осигурително друштво, не мора да биде составена од адвокат и да содржи адвокатски печат и потпис, доколку вредноста на побарувањето во веродостојната исправа е под 10.000 евра.
За вршењето на работите од постапката за издавање на решение за нотарски платен налог, нотарот има право на награда и надоместок на трошоците во согласност со Нотарската тарифа, а адвокатите согласно Адвокатската тарифа на Република Македонија.
Остануваат одредбите кои се однесуваат на постапката за расправање на оставина според кои при расправањето на оставината задолжително е присуство на адвокат во својство на полномошник за секој од учесниците.
Став 6 од чл 153 кој се однесува на трошоците во постапката каде е предвидено задолжително присуство на адвокат се променува и гласи:
(6) Доколку во постапката пред нотар со овој закон е пропишано задолжително учество на адвокат, адвокатите без оглед на нивниот број во 60 конкретно правно дејствие пред нотар имаат право на вкупна награда и трошоци во висина од 50% од наградата и трошоците за преземање на соодветното правно дејствие пропишани со Нотарската тарифа, додека нотарот кој го преземал соодветното правно дејствие има право на останатите 50% од наградата и трошоците.
Според дополнителниот предлог Адвокатската комора има обврска да ја усогласи Адвокатската тарифа согласно одредбите од овој закон во рок од 2 месеци од денот на влегување во сила на овој закон.
Дополнетиот предлог Закон за нотаријат можете да го превземете ТУКА